Македонија Топ вести

Инспекторите за локална самоуправа влегоа во општините Штип и Аеродром

Вишите инспектори од државниот инспекторат за локална самоуправа ја чешлаат документацијата и свечените изјави на советниците во Штип и Аеродром, кои заклетва дадоа со Република Македонија, а не со уставното име Република Северна Македонија. За три дена на локалните власти ќе им се достави решението, но според наодите дадените изјави се невалидни и се очекува советите да ги корегираат, во спротивно инспекторатот ќе донесе и одлука за „забрана на прописи“, што ќе значи блокада и на советот и на општината.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и денеска го повтори истиот став од вчера ќе го чекаат решението од инспекторат, по што ќе се произнесат.

Во оппштина Штип денеска во исто време беа закажани и инспекторите и втората седница на Советот на општината, која почна со еден час задоцнување. Советниците од опозицијата останаа на ставот дека одлуките кои се донесени по дадените свечени изјави на мнозинството советници не се валидни, ништовни и се против Уставот. Тие ја напуштија седницата, бидејќи сметаат дека на тој начин ќе дадат легимитет на седницата.

Инспекторите вакви вонредни инспекции денеска имаа во Штип и Аеродром. Но, според нив овие две општини не се единствени каде дел од советниците изјавите ги потпишале со Република Македонија, но има и  пример, какошто е  во Сопиште сите советници ги потпишале со уставното име.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој го блокираат Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе