Вести Македонија Топ вести

Маричиќ: Шпекулации се информациите дека јас ќе бидам новиот мандатар

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, ги оцени како шпекулации информациите дека тој ќе биде мандатар. Кажа дека досега ниту разговарал за нешто такво, ниту некој го прашал.

Смета дека ќе се решат сите дилеми и нема да има никакви последици и покрај заканата што ја упати генералниот секретар на Беса и министер за земјоделство, Аријанит Хоџа, дека оваа партија може да излезе од мнозинството и да ја урне владата.

Хоџа пораката ја упати синоќа откако Државната изборна комисија прифати приговор на ДУИ и одлучи да се прегласува на едно избирачко место во Желино, каде кандидатот на Беса победи пред ривалот од ДУИ со само 69 гласа разлика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе