Македонија со своја порака се вклучи во виртуелното одбележување на 75 годишнината од основањето на организацијата при Обединетите Нации за образование, наука и култура- УНЕСКО. Македонската честитка до УНЕСКО, е видеозапис со културните и природните богатства на земјава и со учество на групата „ Чалгија саунд систем“. Групата е препознатлива по уникатниот и современ пристап кон негувањето и користењето на нашиот фолклор во нивните нумери.
Секоја земја , членка на УНЕСКО, па и Македонија, испраќа своја порака. Од денеска пораките се шират преку мрежата на светската организација.
Како самостојна, нашата држава членува во УНЕСКО од 1993 година.
Подолу е македонската порака за 75 годишнината од формирањето на УНЕСКО.