Совет за имплементација ќе го проверува спроведувањето на слободниот проток на стоки во рамки на иницијативата Отворен Балкан меѓу Македонија, Србија и Албанија, откако бизнисмените на денешната трилатералка меѓу претставниците на трите држави и бизнис заедници добиле поплаки дека договореното на политичко ниво не се спроведува на терен. Претседателот на Србија кој беше домачин на новата средба од Отворен Балкан рече дека лично е фрустриран од тоа.
Добивме примери од нашите бизнисмени кои кажуваат дека кога треба да извезат сирово млеко во Северна Македонија и ако дојдат во петок навечер дека мора да чекаат до понеделник наутро. Тоа се недозволиви работи. Кога увезуваат овошје и зеленчук од Северна Македонија за да призведат дополнителна вредност на фабриките во Србија дека исто така мора да чекаат повеќе од 24 до 30 часа на нашата граница иако се темелно и детелано уредивме во договорите со Северна Македонија, изјави Вучиќ.
За таа цел во идните 10 дена на едно место ќе се свикаат претставниците на царината, разните агенции и контроли за да се види каде е потфрлено во спроведувањето на она што е договорено на највисоко политичко ниво меѓу трите држави од оваа иницијатива.
Ова да биде простор каде што нема да имаме 70 инспекции и канцеларии кои проверуваат како ние се тоа го правиме бидејќи овие проблеми се однесуваат на сите области. Една разлика меѓу нас е јазикот, но што се однесува до пречките се е исто, вели албанскиот премиер Еди Рама.
Македонскиот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров, кој во Белград на состанокот со Вучиќ и Рама замина место премиерот Зоран Заев, пак за оправданоста на иницијативата Отворен балкан со став дека во услови на разнишана европски идеја би било неприфатливо за земјите да седат од страна и да не преземаат ништо за своите граѓани.
Голем плус е ако ги елиминираме трговските бариери и ако овозможиме регионот да стане многу поатрактивен за странските инвестиции. Од перспектива на земјите-членки на ЕУ, колку повеќе успешно соработуваме ние тука, толку повеќе ќе ги убедиме дека сме регион што не може да носи проблеми, туку ќе носи решенија, смета Димитров.
Димитров притоа рече дека е покажано оти постои политичка волја и оти има услови таа волја да се преточи во легислатива и меѓународни договори. Димитров на прес-конференцијата по состанокот отфрли можност доколку дојде до промена на валста во Македонија земјава да ја напушти иницијативата Отворен Балкан.
Вучиќ и Рама денеска повторија дека сите земји од регионот се добородојдени да се приклучат на иницијативата, а Вучиќ во свој стил рече дека е изморен постојано да се правда и за добрите работи што три држави преку оваа иницијатива ги прават за свооите граѓани. Според него потврдата за тоа ќе стигне за три-ќетири години колку што е потребно иницијативата Отворен Балкан да ги покаже резултатите од своето постоење.
Тамара Грнчароска