Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителството отвори истрага за две лица кои во импровизирана работилница во скопска Топаана произведувале оружје

/

Македонија

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, татко и син, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на двајцата осомничени, на улица „Методија Митревски“ во Скопје, беа пронајдени поголемо количество оружје, различна муниција и делови за оружје во импровизирана работилница.

Службата за односи со јавноста при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека претрес бил извршен и во викенд куќа на семејството во селото Раштак, каде било пронајдено дополнително количество оружје и муниција.

– За осомничените на возраст од 73 и 46 години, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постои опасност тие да се дадат во бегство или да го повторат делото, се наведува во соопштението.

Приведени две лица, запленети оружје и муниција во импровизирана работилница во скопска Топаана

На 02.11.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соодејство со Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје лишени се од слобода А.Ј.(46) и С.Ј.(73), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2