Вести Забава

Приказната за возбудливиот живот на латиноамериканскиот заводник Порфирио Рубироса на ТВ Телма

Мелодичниот шпански јазик, одличното сценарио, професионалниот кастинг се само дел од атрибутите на телевизиската серија од Доминиканската Република, „Рубироса“, кои создадоа забавно и „заразно“ дело кое за краток период направи бум во гледаност на национално ниво. Но, биографското дело за животот на доминиканскиот плејбој и вечно осомничениот шпион Порфирио Рубироса влезе и во домовите на гледачите ширум светот, меѓу кои и на македонските гледачи кои есенва уживаат во оваа серија на телевизија Телма.

Доминиканската филмска индустрија повеќе пати успеа да докаже дека никако не смее да се потцени. По сите светски и европски критериуми за продукција и режија, повеќе децении наназад филмската индустрија во Доминикана е подеднакво активна како и конкурентите од останатиот дел на американскиот континент. За квалитетната понуда и успесите сведочи и биографската трилогија за животот на Порфирио Рубироса, тв серија во која од неодамна ужива и македонската публика на телевизија Телма. Маноло Кардона популарен актер од Колумбија, кој го толкува главниот лик и неговите режисери Хуго Родригез (Аргентина) и Карлос Морено (Колумбија) се главните „виновници“ за одлично раскажаната животна приказна на Рубироса, латиноамериканскиот херој со возбудлива животна приказна.

Динамичното и живописно сценарио го опишува животот на Рубироса кој изобилува со недоразбирања и предавства, со жени и забава, но и постојана неизвесност која честопати го носи до работ на смртта. Секоја следна епизода носи повеќе возбуда од претходната, а изненадувањата не запираат дури ни тогаш кога овој заводник ќе се инфилтрира во редовите на диктаторот. Серијата овозможува дополнително уживање низ оригиналните сцени сместени во 30-тите години од минатиот век, како тие со воздушните снимки од Националната палата во Санто Доминго изградена меѓу 1944 и 1947 година. Оваа зграда и денес е најважното архитектонско , но и богатство од историско и национално значење за  Доминиканската Република.

Серијата „Рубироса“ премиерно на Телма се прикажува секоја сабота, во 20:10 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицковски: Нека постапуваат надлежните за градбата во Прилеп

Дејан Дејан

Mицкоски причината за испадите на електричната мрежа ги лоцира во фотоволтаиците

Дејан Дејан

(ФОТО)Гала за миленици во Њујорк: Кучињa заблескаа како ѕвезди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе