Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски и проблемите со кои се соочува во пресрет на двата последни квалификациски дуели против Ерменија и Исланд најавува дека и двете средби ќе се оди на победа бидејќи само на тој начин може да се стигне до освојувањето на втората позиција на табелата во групата што ќе значи и пласман во баражот за учество на Мундијалот во Катар.
“Не очекува тежок натпревар во Ерменија, моите фудбалери ќе го дадат максимумот како и на претходните натпревари, во тоа не се сомневам. Нашата цел е јасна, а тоа е победа на следните два квалификациски меча. Сакам тоа што го работиме на тренинзите и се договараме да го покажеме и на самиот терен. Се надевам дека сите фудбалери што се повикани за овие два дуели ќе бидат комплетно здрави и подготвени да одговорат на предизвикот. маме проблеми со повредени играчи, под знак прашалник беа Спировски и Костадинов, Дени Илиев направи операција и го чека процес на рехабилитација. Ваљон Етеми беше член на селекцијата на Македонија до 21 година. Се работи за млад играч кој има квалитет и потенцијал, игра во одлична форма сезонава во турската втора лига, лига која не е за потценување и е доста квалитетна. Потребен му е континуитет добри игри, се надевам дека ќе го зголеми квалитетот во селекцијата”, истакна Милевски.
ФОТО: Игор Паневски