Вести Македонија

Одгледувањето на ориз станува се понеисплатлива култура, се жалат оризопроизводителите

Кочанскиот ориз одвај 50 отсто е собран од нивите, комбајните не влегле се уште и во одредени кочански села. Оризопроизвидителе се жалат дека на терен недостасуваат комабјни, а оние кои пак жнеат се стари и се случува и да застанат на сред жетва. Цената на оризовата арпа е од 15 до 17 денари за килограм, сметаат дека е премногу ниска, а нема ниту организиран откуп.

Жетвата и лани доцнеше, поради задоцнетото пуштање на водата од Хидросистемопт Брегалница . Земјоделците сметаат дека оваа култура е неисплалива, бидејќи и трошоците за производство се зголемени. Во кочанско пополека се напуштаат нивите, бидејќи останаа повозрасните, а младите си заминаа во странство.

Синдикатот на земјоделци очекува Владата да си остане на дадениот збор и да ги добијат редовните субвенции, но и дополнителните три денари за килограм, што според најавите треба да им се исплатат до крајот на годината.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Косово ја прогласи српската министерка Снежана Пауновиќ за персона нон грата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе