Спорт Фудбал

Странските спортски телевизии ќе треба да емитуваат програма на македонски и албански јазик

Странските спортски тв-канали, кои се реемитуваат во Македонија до почетокот на 2022 година ќе мора да одат со коментар на македонски и албански јазик, одлучи Владата на денешната 117-та седница.

Телевизиите како „Арена спорт“ и „Спортклуб“, кои изминативе години ги откупуваат тв-правата за сите најголеми спортски настани во сите спортови и за територијата на нашата даржва,  се емитуваат само на српски и хрватски јазик. Исклучок на ова се  натпреварите на македонската фудбалска репрезентација кои се пренесуваат на „Спортклуб“ со македонски коментар.

Владата на денешната седница им препорача на сите радиодифузери што реемитуваат спортски содржини на територијата на државата, најдоцна до 31 декември да започнат да ги имплементираат одредбите од конвенцијата на европската унија за прекугранична телевизија и да ги емитуваат спортските канали на двата јазика кои се зборуваат во Македонија, македонски и албански.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе