Кошарка Спорт

Евролигашите го сменија Бертомеу

Дел од клубовите кои се косопственици на кошаркарската Евролига донесоа одлука за смена на извршниот директор на ECA (Евролига и Еврокуп), Жорди Бертомеу.

Шеесет и две годишниот Шпанец на чело на ECA беше 22 години, но очигледно незадоволни од неговата работа во последниов период, шест од 11 клуба решија да го сменат од челната позиција.

За смена на Бертомеу гласаа ЦСКА, Макаби, Олимпијакос, Панатинаикос, Армани Милано и Жалгирис додека за негово останување својот глас го дадоа трите тима од Шпанија, Реал Мадрид, Басконија и Барселона како и двата турски претставници Анадолу Ефес и Фенербахче додека Асвел и Баерн иако се дел од сопственичката структура немаат право на глас.

Бертомеу на чело на ECA ќе остане до 30 јуни следната година, но се шпекулира дека остане во компанијата како консултант на новиот менаџмент. Смената на Бертомеу се навести уште во текот на летото кога тој доби отказ на позицијата во Управниот одбор на натпреварувањето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе