Вести Македонија

Димитров на местото на Заев ќе учествува на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“ во Белград

Поттикнувањето на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ продолжува на работен состанок утре и задутре во Белград, на којшто во име на Владата на Република Северна Македонија ќе учествува вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“ на која ќе бидат усвоени заклучоци, по што ќе биде одржана и прес–конференција.

Воедно, предвидени се лидерски средби и средби со претставници на компании од Северна Македонија, Албанија и Србија на кои што ќе биде разговарано за олеснување на трговијата, се вели во соопштението на СЕП.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот го ослободи Никола Груевски за „Талир 2“ и го одби барањето на Обвинителството за конфискација на партискиот имот

Sonja Petrusevska

На градилиштето каде загина работник немало заштитни мрежи – објектот на Пречистителната станица доби забрана за работа

Дејан Дејан

(Фотогалерија)ЕУ донираше нови возила на Државниот инспекторат за транспорт

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе