Спорт Фудбал

Канатларовски го објави списокот за претстојните дуели на У21

Репрезентацијата на Македонија до 21 година ги продолжува квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 година.

На 11. ноември на тренинг центарот „Петар Милошевски” гостува Украина. Пет дена подоцна на Националната арена “Тодор Проески” го пречекуваме  топ фаворитот во групата, селекција на Франција.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски за двете домашни пресметки ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Давид Денковски (Брегалница), Марко Алчевски (Академија Пандев), Дамјан Серафимов (Кадино);

Одбрана: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи), Славе Маркоски (Охрид), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Стефан Наумчевски (Тиквеш), Јован Манев (Брегалница);

Среден ред: Иван Николов (Вардар), Димитар Тодоровски (Работнички), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словенија), Али Адем (Шкупи), Томче Гроздановски (Дугопоље, Хрватска), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Лука Станковски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Методи Максимов (Работнички), Флорент Рамадани (Шкендија);

Напад: Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Емир Скендери (Струга), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија);

Метју Божиновски и Стефан Чолаковски не добија дозвола од своите клубови поради рестрикциите во земјата каде што настапуваат. Под знак прашалник е и фудбалерот на Работнички Лука Станковски.

Собирот на репрезентацијата е закажан на 7. ноември во 10:00 часот во хотел Александар Палас во Скопје.

ФОТО: ИГОР ПАНЕВСКИ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе