Македонија Топ вести

Ахмети: Синоќа имавме тензичен разговор со Заев, оставката е избразна и неоснована

Синоќа разговарав со премиерот Зоран Заев и му пренесов дека не се согласувам со неговите одлуки за оставка од двете функции, истакна претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети.

Ахмети нагласува дека му посочил на Заев дека во СДСМ треба да се разгледа неговата одлука, која, според него, е „избрзана и неоснована“.

Синоќа имавме доста тензичен разговор со Заев, дека не се согласувам со таквата одлука, со неговата оставка од партијата и претседател на Владата. Му ги нагласив силните позиции на ДУИ. Овие се локални избори, ние пред една година победивме на општите избори и добивме мандат за да раководиме со политиките на државата. Така што и денеска повторно разговарав со Заев, му реков дека не можеме да направиме компромис за големи работи, за тој да се повлече. Во неговата партија треба да се разгледа оваа одлука, која според мое мислење е избрзана и неоснована, изјави Ахмети за ТВ 21.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Дејан Дејан

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе