Наместо во пензија, во тимот истражители на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и Вилма Русковска. Откако во мај МВР и министерот Оливер Спасовски потпишаа предвремено пензионирање и експресна смена на Лазе Велковски од началник на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во МВР, Велковски покрена управни постапки, a сега е ангажиран и од обвинителството.
Веб медиумот sdk.mk објави дека Велковски од денеска со тримесечен договор на дело е ангажиран во обвинителството, со цел да помогне во формирање ма истражниот центар за гонење лица со полициски овластувања.
Велковски беше и директор на Бирото за јавна безбедност, како и во два наврати раководеше со СВР Скопје за време на предизборните технички влади додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Исто така беше и истражител ангажиран и преземен од СЈО.