Вести Македонија

23-годишен битолчанец фалсификувал пари во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје покрена истражна постапка против 23-годишен жител на Битола осомничен за кривично дело – Фалсификување пари.

Осомничениот, на 7 октомври, од засега непознато лице во близина на Бит Пазар прибавил лажни пари со намера да ги пушти во оптек. Прибавените 18 банкноти во апоени од по 500 евра, во денарска противвредност од вкупно 558.000 денари, сеобидел да ги размени во менувачница на улицата „Белградска“ во Скопје. Сопственикот на менувачницата забележал дека банкнотата која му била дадена да ја размени не е вистинска и веднаш пријавил, а полициските службеници кај пријавениот ги пронашле и другите лажни банкноти.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да влијае врз сведоците или да го повтори делото.​

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малиот Амр меѓу животот и смртта– симбол на страдањето на децата во Газа

Дејан Дејан

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Дејан Дејан

Десетици илјади шиитски муслимани маршираат кон Карбала за Ашура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе