Кирил Пецаков, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид прогласи победа над Константин Георгиевски од СДСМ, со разлика од повеќе од 4.200 гласови.
Почнуваат нови и прекрасни денови, како за Охрид, така и за Македонија, порача Пецаков, откако напомена дека изборниот процес бил обележан со притисоци, закани и уцени.
Она што се случуваше во изборниот процес е нешто заради кое што ВМРО-ДПМНЕ владеејќи 11 години беше доста критикувано од народот, меѓутоа овие покажаа дека можат полошо и поинаку, изјави Пецаков.