Вести Локални избори 2021 Македонија Најважни

Данела Арсовска прогласи победа и ќе стане прва жена градоначалник на Скопје од осамостојувањето

Данела Арсовска во моментот се обраќа и прогласува победа на локалните избори во главниот град.

Таа рече дека по тешките битки во кампањата, немала противник само во стариот градоначалник Шилегов туку и како што рече во премиерот во заминување.

Се заблагодари за поддршката од жителите на главниот град и рече дека од утре се тргнува во борба за почист град и за нејзините проекти.

Арсовска се заблагодари на своето семејство кое ја поддржуваше во текот на кампањата.

-Имаме шанса после црната кампања која гласачите ја прозреа, сега имаме шанса уште од првиот ден да почнеме посветено да работиме, да побараме одговорност за владеењето и Скопје да го трснформираме во чист, убав, зелен и модерен град, рече Данела Арсовска, избрана за нов градоначалник на Скопје на изборите 2021-ва.

Арсовска во политиката се вклучи како независен кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, а досега беше претседател на Сојуз на стопански комори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Демонстранти погодени со шок бомби – протестираа поради апсењето мигранти во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Владата со нова телефонска линија за повредените и семејствата од Кочани

Дејан Дејан

Крвопролевањата продолжуваат – убиени 22 Палестинци во израелски напад во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе