Вести Локални избори 2021 Македонија Најважни

Секаде повеќе гласачи, само во Струга помалку, се зголемува излезноста во Куманово, пресек до 17 часот и споредба со првиот круг

Во Битола до 17 часот попладнево гласале  51,72 %, додека во првиот круг излезноста била 46,18 %  до истиот термин.

Во Охрид денеска до 17 часот на гласање излегле 50,82 %, додека пред две недели кога се одржуваше првиот круг на локалните избори до истиот термин гласале 46,01 % од граѓаните со право на глас.

Во Кочани во првиот круг на гласање до 17 часот излегле 39,63% од запишаните гласачи, додека денеска до истиот термин гласале 46,82 % од запишаните избирачи.

Во Кичево попладнево одзивот на гласачи до 17 часот е 40,57%, додека во првиот круг бил 38,31%.

Денеска до 17 часот во Тетово на гласање излегле 40.01 %, додека во истиот термин на првиот круг излезноста била 33,81%.

Во вториот круг на овие локални избори до 17 часот во Куманово на гласање излегле 41,71% , додека пред две недели до истиот термин одзивот на гласачи бил 37,84 %.

Во Струга денеска до 17 часот на гласање излегле  36,94 % додека  во првиот круг на локалните избори имало малку поголем одзив односно гласале 37,41%  до 17 часот.

До 17 часот попладнево во Гостивар гласале 35,59%  додека во првиот круг до истиот термин гласале 32,51%.

Најмногу одзив има во Вевчани каде веќе гласале над 3/4 од запишаните избирачи.

Во Вевчани до 17 часот денеска на гласање излегле 75,60% додека во вториот круг на овие локални избори гласале 64,27% од запишаните избирачи.

Во Ранковце денеска до 17 часот гласале 71,02% а во првиот круг до истиот термин на гласање излегле 57,83% од запишаните избирачи.

Во Конче денеска до 17 часот на гласање излегле  73,15% додека 61,91% излегле во првиот круг.

И Газибаба веќе со помала излезност отколку во првиот круг, Карпош и Центар најмасовно до 17 часот, пресек за скопските општини до 17 часот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски прифати примирје и предложи тоа да се продолжи и по Велигден

Дејан Дејан

Ахмети: Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки

Дејан Дејан

Арагчи: Преговорите со САД напредуваат добро, договорени нови средби следната недела

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе