Во мирна атмосфера и без поголеми потешкотии со биометриската идентификација тече гласањето во вториот круг на локалните избори во општина Шуто Оризари во основното училиште „26 јули“. Граѓаните сметаат дека во овој случај дури и повеќе се почитуваат здравствените протоколи без турканиците кои можеа да се забележат во првиот круг.
За сега немаме некои проблеми. Исто така и со уредот имаме значително подобрување. Протокот на гласачи се одвива многу побрзо за разлика од минатиот пат и се надевам дека процесот ќе продолжи до самиот крај успешно.
На изборното место во основното училиште „Петар Здравковски- Пенко“ во Чаир гласачкото место било навремено отворено, сепак и овој пат дел од граѓаните имале мали потешкотии да се идентификуваат.
Нема никакви проблеми, единствено со постарата генерација со показалецот е малку попроблематично, но за сега нема никакви проблеми.
Нема никакви проблеми. Мислам дека сега дури со уредите е и подобро можеби постарите лица кои не може да ги фати, меѓутоа преку матичниот број тоа успешно се решава.
Во претпладневните часови гласањето во училиштето „ Ј.Х Песталоци“ во општина Центар се одвиваше мирно. Граѓаните се надеваат дека така ќе продолжи и до крајот на денот.
За сите случаи на евентуални потешкотии со биометриската идентификација членовите на избирачките одбори ја известуваат ДИК за истите проблеми да бидат навремено надминати.
Нина Стефанова