На дел од избирачките места нема средства за хигиена, што е обврска при одржување на избори во ковид пандемија. Поради проблеми со апаратот за идентификацијата избирачкото место во Дом на АРМ не се отвори навреме, поточно се отвори во 9.45 што е 15 минути пред истекот на рокот. Според изборниот законик доколку некое избирачко место не е отоврено повеќе од еден час, а во случајов изминува третиот, треба да се организира повторно гласање. Дел од граѓаните во Чаир, Бутел и Центар велат дека немаат проблеми како во првиот круг, додека пак од избирачките одбори посочуваат дека постарите лица имаат потешкотии со оставањето на отпечаток од прст.
На 15 минути пред истекот на рокот почна гласањето во избирачкото место во Дом на АРМ
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.