Во основното училиште „Братство“ во општина Карпош граѓаните гласаат во овој втор изборен круг и за градоначалник и за совет на општината. Сите гласачки места тука беа отворени на време, а граѓаните со кои утринава разговараше Сотир Трајков велат дека немале никаков проблем со биометриските читачи.













