Иако фејсбукот се поврзува главно со помладата и средната генерација, секако има и луѓе кои и во староста си имаат сопствени профили.
Во случајот станува збор за 77-годишен старец, кој преку својот ФБ профил коментирал медиумски објави за политичар. По пријавата е утврдено дека дедото од Кичево всушност со заканите извршил потешко кривично компјутерско дело. Настанот се случил последниот ден од август.
Во кривичниот законик за делото „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ за што е обвинет „фејсбук-дедото“ казната воопшто не е наивна и е определена од минимум една до 5 години затвор.
Еве што соопшти МВР:
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.Н.(77) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 31.08.2021 од својот Фејсбук профил на електронски медиум објавил коментар со кој во јавност промовирал и поттикнал омраза.

МВР соопшти дека вчера и денеска се откриени два случаи на поткуп на гласачи во источна Македонија. -На 28.10.2021 во ОВР Кочани било пријавено дека Д.С.(53) од Кочани на повеќе лица им дал по 1500 денари за тие да гласаат во вториот круг на локалните избори за кандидат за градоначалник. Веднаш се преземени соодветни мерки… Продолжи со читање













