Вести Локални избори 2021 Македонија

Гласот во Кочани поскап од оној во Македонска Каменица- откриени два случаи на поткуп, еден масовен со десетина поткупени, вториот директно во штаб

МВР соопшти дека вчера и денеска се откриени два случаи на поткуп на гласачи во источна Македонија.

-На 28.10.2021 во ОВР Кочани било пријавено дека Д.С.(53) од Кочани на повеќе лица им дал по 1500 денари за тие да гласаат во вториот круг на локалните избори за кандидат за градоначалник. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се разговори со повеќе лица и денеска (29.10.2021) во ОВР Кочани Д.С. е повикан на информативен разговор. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното ОЈО Кочани, соопштија од МВР.

Во текот на денот според МВР имало уште еден случај, малку поисточно во Македонска Каменица. Прес-конференција одржа локалниот огранок на СДСМ како и вицепремиерот Љупчо Николовски кој изјави дека станувало збор за најмасовен случајна поткуп и побара расчистување.

Во полицискиот билтен пак стои дека случајот го пријавил тинејџер по возраст кој најверојатно за првпат има право да гласа.

-На 29.10.2021 во 11:50 часот 19 годишно машко лице од с.Цера, Македонска Каменица во Полициското одделение Македонска Каменица пријавило кривично дело по чл.162 ст.1 од КЗ на РСМ. Имено, според пријавата, тој, непосредно пред пријавувањето, бил повикан во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, каде од страна на В.В. од М.Каменица му биле дадени 1000 денари за да гласа за кандидатот за градоначалник од таа политичка партија.

Известен е Јавен обвинител, а В.В. е повикан во ПО Македонска Каменица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Слични случаи о поткуп имаше и во првиот круг, досега нема известување од јавното обвинителство за епилогот од откриените изборни кривични дела.

Алармираа и од опозицијата, дека во Влае во општина Карпош жена била нападната од како што соопштија хулигани на кандидатот од спротивната страна. Нападнатата собирала флаери со црна кампања.

Во Влае и завчера имаше инцидент кога беа нападнати симпатизери на сега обвинетиот кандидат додека расфрлале таквио флаери. Еден од нив бил расечен со остар предмет од група во која имало и син на кандидат и син на градежен бизнисмен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошувачката кошничка не смее да се крати од четиричлено на тричлено семејство – интервју со Менди Ќура

Дејан Дејан

Научниците пронајдоа можни услови за живот на планета која е оддалечена 124 светлосни години од Земјата

Дејан Дејан

ДУИ ќе профитира најмногу од промените во коалицијата „Вреди“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе