Локални избори 2021

Герасимовски: Независно тело од архитекти ќе одлучува за градбите во Центар

Независно тело од архитекти ќе одлучува за градбите во Центар, изјави денеска Горан Герасимовски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Центар.

Најважното е што во ова тело нема да има ниту еден партиски член, ниту било каков притисок кој се однесува на урбанизација, рече тој. Герасимовски вети дека целосно транспарентно отворено заедно со граѓаните и со стручните луѓе ќе изнаоѓа поквалитетни решенија кои ќе го подобрат функционирањето на жителите на Центар. Тој најави и повеќе сообраќајни решенија како еднонасочни улици и пешачки зони.

Граѓаните во Центар но и во државата, како што рече, мора да ги менуваат перцепциите и начинот на функционирање со повеќе пешачења и со повеќе возење на велосипеди, рече Герасимовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Според пописот во државата има помалку од 1,5 милион гласачи додека во избирачкиот список има над 1,8 милион. Еве зошто?

Дејан Дејан

Максим Димитриевски останува член на СДСМ

Дејан Дејан

Советниците од општина Штип ќе потпишан нови изјави, но ќе се жалат и на второстепена комисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе