Претседателот на СДСМ Зоран Заев повторно повика на обединување и масовна излезност на гласање во недела. Во видео обраќањето уверува дека историјата никој нема да ја менува, клучните факти за македонската нација никогаш нема да бидат предмет на политичка ревизија а правото на самоопределување никој не може и не смее да го оспорува.
Македонија ги прочита лагите на Заев а пораката му е испратена , граѓаните знаат дека државата тоне на економски, социјален и здравствен план, реагират од ВМРО-ДПМНЕ.
Утре е последниот ден од изборната кампања. Вториот круг од локалните избори, вклучувајќи го и Градот Скопје ќе се одржат во 44 општини.
Јулијана Пешевска