Утрово на Инфективната клиника во Скопје, од последици на коронавирусот почина 17 годишна девојка од демирхисарското село Сопотница. Оваа средношколка од трета година во битолското Медицинко училиште, е најмладата жртва на Ковид-19 во Македонија од почетокот на пандемијата. Таа била дијабетичар и не била вакцинирана, инфомираат од Министерството за здравство. Првпат побарала помош во битолската болница на 18 октомври.
Пациентката била донесена во болница со ниска сатурација, температура 40С, отежнато дишење и болки во телото и мускулите, а овие симптоми ги имала неколку дена пред да побара лекарска помош. Ја прегледал лекар во амбуланта за суспектни пациенти, тестирана е и истот ден е добиен резултат – ковид позитивна. Поради сериозност на состојбата задржана е во болница и поставена на перманентна кислородна поддршка, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.
Следниот ден, на 19 октомври, со возило на итната помош, младата пациентка е однесна во Клинката за инфективни болести во Скопје во многу тешка состојбата, а за време на транспортот постојано е на кислородна поддршка и под надзор на медицински тим, наведуваат од Здравство.
Пациентката е примена во единица за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести и почнат е интензивен третмант по протокол за лекување пациент со тешка Ковид-19 инфекција. Во тек на престојот следи прогресивно влошување на состојбата со влошување на лабораториските, биохемиски анализи, рентгенграфски наод и клиничка слика, се наведува во соопштението од МЗ.
Но, вчера драмтично се влошила сосотјбата кај пациентката, тоа довело до срцево и белодробно попуштање. Безуспешни биле обидите на лекарите за нејзина реанимација, а 17 годишната средношколка полина денеска во раните утрински часови.
Емилија Мисирлиевска