Спорт Фудбал

Куман со најлош скор во последниве две децении

Поразот на гостувањето против Рајо Ваљекано беше решавачки раководството на Барселона да се реши на потегот кој само беше прашање на време кога ќе се повлече, а тоа е смената на тренерот Роналд Куман.

Поранешната ѕвезда на Каталонците на чело на екипата дојде минатата година и за неполна сезона и половина има најлош скор во последниве дваесетина години. Куман како шеф на стручниот штаб на Барселона беше на 48 натпревари и се радуваше на 28 или со учинок од 58,3 проценти. Полош скор од него има само Радомир Антиќ кој во 2003 година на 18 настапи има само девет триумфи.

Во ерата на Куман, Барселона постигнуваше 2,1 гол по натпревар додека противникот постигнуваше 1,15 погодоци, а екипата во просек на секој натпревар освојуваше 1,96 бода.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе