Кратер се направи на патот Дебар-Маврово во близина на Мелничкиот мост. Според Деар Лимановски, раководител на дебарската секција на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта пропадната дупка на коловозот е со длабочина од 20 и широчина од 5 метри.
По 4-часовна забрана за сообраќај, работниците за одржување на патиштата успеаја да го оспособат патот за еднонасочен сообраќај.
За санација ќе се користи песок и крупен камен за да се пополни длабокиот кратер.
Работниците кои интервенираат ја сликаа и снимаа длабоката дупка по првата успешна интервенција за пуштање на сообраќајот.
Најверојатно, кратерот се појавил со пропаѓање на почвата и асфалтот затоа што под патот водата од цевката (која се гледа на фотографијата) ја поткопувала подлогата. Изминатите десетина дена беа проследени со повеќе врнежи.
До пладне сообраќајот се одвиваше преку Струга, а во надминувањето на проблемите беа ангажирани и полицајци од Дебар.
-Од 12:00 часот, сообраќајот на регионалниот пат 1202 Дебар-Маврово Ростуше во непосредна близина на Мелнички Мост наспроти Хотел „Дебарски Бањи“, за патнички моторни возила се одвива наизменично по една коловозна лента, е последната известува АМСМ.
Убиство во скопски Аеродром- жртва е 84-годишната мајка на уапсениот