Вести Македонија Топ вести

Починат филмски актер, избеган разузнавач, контроверзен ирански бизнисмен и семејството на Субрата Рој- сите ги има на избирачкиот список

Иван Бекјарев, познат српски актер (во серијата „Подобар живот“ го глумеше култниот директор Курчубиќ“) имаше македонски корени, а животната и театраска кариера ја заврши лани во ноември на 75-годишна возраст. Бекјарев почина откако заболе од Ковид-19.

 

Но, на избирачкиот список на веб страницата на ДИК, името на починатиот Иван Бекјарев се уште стои како активен гласач. Заведен е како гласач во општина Аеродром со адреса во станбениот дел на ТЦ Капитол, а поради македонското потекло тој доби македонско државјанство, лична карта и гласачко право. Иако српските власти го заведоа како починат, во Македонија таа информација не е заведена ниту препратена до ДИК.

На иста адреса со Бекјарев има уште 15-тина несекојдневни имиња кои се водат како избирачи. Две од имињата штрчат, станува збор за контроверзниот турско-ирански бизнисмен Риза Сараф (Или Реза Зараб по турски) и и неговиот соработник  Ручхан Бајар.

Сараф или Зараб на крајот на 2016-та доби македонски пасош, македонска лична карта, отвори фирма, но потоа во Мајами во САД е уапсен за кршење на американските санкции кон Иран. Неколку години е во САД, а за да се спаси од обвинение почна на американските обвинители да дава информации за сомнителни активности на блиското опкружување на Таип Ердоган. Иако е во САД со години и со работува со ФБИ, Сараф се уште има право да гласа.

И семејството на Субрата Рој сеуште го има во избирачкиот список. Но на различни адреси. Сопругата Свапна Рој се води на адреса во Бардовци иако таа куќа веќе неколку години не ја држи под кирија туку таа е издадена на сосема други луѓе. Синот на Субрата, Сушанто Рој пак има адреса во населба Ченто во општина Газибаба. На истата адреса има и фирма. Субрата Рој никогаш не доби македонско државјанство, а неговите бизнис планови се распаднаа откако во родната Индија почна огромна истрага против него и компанијата Сахара.

Субрата Рој стигна во Македонија, како економска надеж за време на премиерот Никола Груевски. Груевски сега е бегалец од законот во татковината, а со признаен статус на носител на азил во Унгарија со статус. Името на Груевски се уште стои како регистриран избирач со важечка лична карта. Унгарските медиуми пак во ноември 2019-та објавија дека името Никола Груевски се појавува во избирачкиот список за локалните избори во Будимшешта истата година.

Уште еден бегалец од законот го има во избирачкиот список. Станува збор за Горан Грујевски, поранешен началник на контроверзната 5-та Управа на УБК, каде се одвиваше нелегалното следење на комуникации. Со неколку обвиненија, Грујевски избега, а Грција го гфати но не го испорача. На избирачкиот список всушност не се наоѓа името на Грујевски, туку неговиот псевдоним односно втор идентитет.

Грујевски имал лични документи на име Владимир Варелов ( исто име носи уште еден од СЈО обвинет припадник на УБК) и под тоа име уште се води како гласач во општина Кисела Вода на слична адреса како на неговата оригинална, на која сега го нема.

Проверката на избирачкиот список започна од петокот, а ќе трае до 9-ти септември. Сите утврдени грешки со реакција на граѓаните може да се исправат во законска постапка.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен е турски државјанин кој со Мерцедес „летал“ на автопатот „Пријателство“ со 203 км/ч

Tea Dimkovska

31 година од геноцидот во Сребреница: „Тишината зборува најгласно“

Tea Dimkovska

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе