Во време на пандемија институциите во областа на културата и голем број настани се соочуваат со нови предизвици. Да се почитуваат здравствените протоколи и повторно да се врати публиката. Фестивалот на креативен документарен филм Македокс е еден од првите фестивали кај нас на кој според новите протоколи посетителите треба да приложат сертификат за вакцинација.
Интерес има тоа не радува со толку мал капацитет и брзо се полни, мораме да се прилагодиме и да останат бројките такви какви што се , всушност столчињата, па така за некои од проекциите се случува да нема место, но сепак имаме четири стејџа на кои се одвива фестивалот и има простор за секој кој сака да погледне документарец да го направи тоа, вели Дарко Набаков, МАКЕДОКС
Факт е дека треба да постојат приоритети во креирање на здравствените протоколи, сепак многу пати се случува културата да биде ставена на маргините иако таа беше и е прибежите за многумина за време на пандемијата низ различни уметнички форми, смета Набаков.
За жал лани прв пат сфативме дека културата прва се затвори и сега гледаме дека тие протоколи повеќе се однесуваат на други сектори во државата, отколку за културата. Како културата воопшто да не треба да функционира во ова време на пандемија, а од друга страна гледаме дека на луѓето таа им е најпотребна за зачувување на менталната хигиена и ментално здравје во целиот овој период. Културата е жива и потребна на секој од нас.
Во рамките на годинашното 12-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ кој ќе трае до 26 август во присуство на 30 гости од странство во 5 натпреварувачки и во програмите „Земја во фокусот“ и детската , ќе бидат прикажани седумдесетина филмови. Фокусот на фестивалот е насочен кон дистрибуцијата на документарните филмови, со посебен акцент на промоцијата на филмовите низ Европа.
Нина Стефанова