Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во полошко се поголем број на лица кои не ги почитуваат решенијата за изолација

/

Македонија

Сподели преку :

И вчера 12 лица во полошкиот регион со решенија за изолација не биле пронајдени дома при полициската контрола. 10 од нив се од тетовско и 2 од гостиварско.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека досега се регистрирани вкупно 101 случај на непостапување според здравствени пропис за време на епидемија. Полициските службеници откако ќе утврдат дека лицата не се дома, најчесто добиваат информации од соседите дека отпатувале надвор од државата, во други земји во кои престојуваат или работат.

Од МВР велат дека не можат да потврдат колку лица ја напуштиле државата затоа што не водат таква евиденција.

„МВР не води евиденција за тоа колку лица на кои им била определена мерка изолација и самоизолација ја напуштиле државата, од причина што полициските службеници единствено преку контролите во домовите на овие лица може да утврдaт дали тие ја почитуват забраната согласно евиденцијата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Системот на МВР е централизиран и ги содржи податоците за контрола на патници и возила и не e во корелација со ДСЗИ“, велат од МВР.

Токму недисциплината на граѓаните доведе во овој регион да има голем број заразени со коронавирус. Здравствените власти, засега не планираат дополнителни мерки кои ќе важат на локално ниво.

Граѓаните, пак, бараат постоги мерки.

И медицинските лица велат дека треба да се воведе карантин за да се спречи динамиката на ширење на вирусот. Апелираат и на поголема лична одговорност до граѓаните во однос на носење маски, одржување дистанца и хигиена, но и вакцинација.

Данијела Билбилоска

 

 

Jumbo 2