31 македонски државјани вечерва пристигнаа на скопскиот аердором од воената база во Кабул. По нивната евакуација од Авганистан беа сместени во воената база на САД во Доха, Катар, а по успешниот трансфер во Истанбул, вечерва пристигнаа на Меѓународниот аеродром во Скопје.
Се заблагодарија на брзата реакција на македонското МНР. Велат дека благодарение на добрата организираност на американската војска на аеродромот во Кабул нивните животи не биле загрозени, и безбедно се вратиле дома. Сепак, не сакаа да зборуваат за траорните сцени и пукотниците од талибанците на кои сведочеле при нивниот транспорт до аеродромот во Кабул.
Ова е втората група на македонски државјани кои се евакуирани од Авганистан, и според МНР во Авганистан нема останати цивили кои чекаат да си дојдат дома.
