Во пресрет на локалните избори, и опозицијата се обидува да се обедини по примерот на власта. Но, обединувањето оди тешко. Со голем број на критики за политиката и ставовите, Апасиев ја одби јавната покана на Мицкоски, за заеднички настап.
Намерата на Левица, вели, не е да донесе некого на власт, туку да стане власт. Мицкоски, пак, му врати дека, воопшто и не побарале од нив да им помогнат да дојдат на власт, туку да се обединат за го симнат Заев. Левица, вели, има лична одговорност за доаѓањето на власт на СДСМ и ДУИ и ова им е шанса да ја поправат грешката.
При крај се и преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците за соработка на локалните избори. Но, Алијанса преговараат со сите, па и со противниците. Првин им понудиле заеднички настап на ДУИ во првиот круг, а откако тие се договориле со Заев, им преостанало да направат „контра удар“, а тоа е соработка со ВМРО-ДПМНЕ.
Соработката ќе се однесува на сите општини каде што има интерес имаат и двете партии.Заев е скептичен дека оваа коалиција ќе успее.
Конечните коалиции и нивните кандидати се очекува да бидат познати кон средината на идната недела.
Далиборка Демјанска
