Македонија

КСЗД утврди директна продолжена дискриминација од страна на ДИК кон лицата со физичка попреченост

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди директна продолжена дискриминација од страна на Државната изборна комисија (ДИК) во подрачното одделение во Карпош кон лицата со физичка попреченост и на ДИК му препорачува да превземе потребни вонредни дејствија во насока на обезбедување на правото на лицата со физичка попреченост да можат по сопствен избор да поддржат некоја од независните листи кандидати за претстојните локални избори.

По допрен глас од лице со физичка попреченост кое се пожали дека не може да го депонира својот потпис за поддршка на извесна независна кандидатска листа за локалните избори, КСЗД одлучи да изврши увид во подрачното одделение на ДИК во Општина Карпош на улица „Стрезово“ број 7 и утврди дека објектот е неприлагоден и непристапен за лицата со физичка попреченост, со што тие не можат да го остваруваат своето загарантирано право на учество во политичкиот и јавниот живот, се вели во образложението на КСЗД.

Во подрачната канцеларија на ДИК во Карпош, потписи за поддршка на независни кандидати за членови на советите на општиниет и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје, депонираат жителите во општините Карпош, Ѓорче Петров и Сарај.

При увидот извршен на 18 август, КСЗД констатира дека до просториите на подрачната канцеларија на улица „Стрезово“ број 7 се стига по приближно 50-тина тесни и стрмни скалила кои се неприспособени за лица со физичка попреченост, за стари, изнемоштени и болни лица.

Од извршениот увид членовите на КСЗД утврдија дека во овој случај се работи за неприсопособена инфраструктура која на овие лица им ги оневозможува пристапот во објектот на Подрачното одделение на ДИК – Карпош. Со тоа ДИК оневозможич пристапност и достапност на лицата со попреченост во областа на еднаков пристап и учество во политичкиот и јавниот живот, се вели во мислењето на КСЗД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма – Општината Валандово се сомнева за намерно подметнување

Tea Dimkovska

Пензионери од Скопје тврдат дека претседателката на Сојузот на пензионери Станка Трајкова е нелегитимно избрана

Tea Dimkovska

Се урна дваесет метарски ѕид во Дебар Маало при ископување на темели за зграда – соседи стравуваат додека инвеститорот смирува

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе