Спорт Фудбал

Каменица Саса доживеа потоп во Торино: Јувентус славеше со 12-0

Македонскиот првак во женски фудбал Каменица Саса денеска го одигра првиот натпревар на квалификацискиот турнир во Лигата на шампиони и загуби од Јувентус со 12-0 во Торино.

Јасно беше дека нашите фудбалерки немаат никакви шанси против италијанскиот гигант, а по првото полувреме беше 4-0. Во вториот дел, Саса ја вадеше топката од мрежата уште осум пати, но можеше да прими уште некој гол повеќе.

Италијанките имаа вкупно 55 обиди кон голот на нашиот состав, а Саса ниту еден. Карузо и Сташкова запишаа по еден хет-трик, а во листата на стрелци се запишаа и Џирели два пати, Бонансеа, Заманијан, Росучи и Бонфатини.

Во второто полуфинале во оваа група вечерва играат Бешикташ и Сент Пелтен. Победникот ќе се сретне со Јувентус.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе