Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Арсенал го врати Одегард: Реал Мадрид ќе инкасира 39 милиони евра

/

Фудбал

Сподели преку :

Мартин Одегард наскоро ќе потпише петгодишен договор со Арсенал, откако Реал Мадрид се согласи да го продаде за 39 милиони евра.

Младиот Норвежанец лани играше на позајмица во редовите на „топчиите“, по што се врати во редовите на шпанскиот гигант. Тој не успеа да направи доволно летово за време на подготовките да го убеди Карло Анчелоти да му даде шанса во тимот.

Се очекува трансферот да биде официјализиран вечерва или најдоцна утре.