Управниот суд ја поништи одлуката за избор на директор на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Одбиените кандидатки Јасмина Пијанманова и Оливера Аризанова- Мансбарт го тужеа Министерството за култура. Судот на 8 јули донел одлука дека тужбата на тужителите е основана, а Министерството имале неправилен и неоснован избор на директор.
Во образложението на Управен суд стои се повредени правилата на постапката, што довело до погрешна примена на материјалното право. Имено, до избраниот кандидат Васил Бубев Министерстовто испратило писмо со барање за дополнување на документацијата, но не испратило и до Пијанманова и Аризанова-Мансбарт, со што еден кандидат е ставен во повластена положба.
Судот му налага на Министерството да го повтори изборот за директор на струмичкиот центар за култура, „Антон Панов“. Првичниот избор беше направен во јануари годинава, кога од тројца кандидати за диркетор Министерството одлучи да го назначи Васил Бубев за нов директор на оваа установа.
Изборот за Бубев предизвика незадоволство не само кај одбиените кандидати, туку и кај вработените актери во струмичкиот театар кој функционира во рамките на Центарот за култура. Тие исто така поднесоа тужба до Управниот суд и очекуваат пресуда.
Сузана Мицева
