Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Видео | Поделени ставови меѓу уставните судии, но Колективниот договор за култура е укинат – правдата симболично погребана пред Судот

/

Вести

Сподели преку :

На денешната седница Уставен го укина целиот Колективниот договор за култура и членот 78-љ од Законот за култура. Укинувањето е поради нивна неуставност, рекоа од Уставен , но е со одложено дејство, што значи дека постоечкиот Договор важи до 1 април 2027 година.

„На овој начин ние во суштина оставаме простор од безмалку 5 месеци, засегнатите страни, значи Министерството за култура, партнерите во социјалниот дијалог, синдикатите да седнат и да работат на нов Колективен договор и секако да ги имаат предвид правните стојалишта од нашата одлука“, реле Дарко Костадиновски- претседател на Уставен суд.

„Во Законот за култура не постои методологија за пресметка на платите и таа методологија мора да биде утврдена како основа во самиот Закон, за потоа да биде детализирана, односно продлабочена во самиот Колективен договор“ Татјана Васиќ- Бозаџиева-судија- известител за предметот.

Претходно на расправата, единствена за збор се јави судијката Добрила Кацарска. Таа го бранеше Колективниот договор за култура.

„Јас не најдов ниту еден, единствен аргумент зошто се бара укинување на целиот Колективен договор.Не гледам што е спорно, да речеме заштита на правата, обврските и одговорностите од работниот однос. Секој вработен има многу права,има и обврски, но има и права“, рече Добрила Кацарска- судијка во Уставниот суд.

А, пред Уставен утрово протест на Синдикатот за култура. Беа запалени свеќи, истакнати транспаренти со црни ленти , на кои пишуваше „ право и правда“ и се свиреше „ Лениновиот посмртен марш“ и друга траурна класична музика. Така синдикатот симболично ги погреба правото и правдата.

„ Судиите со делата да зборуваат и тие ќе решат и ќе потпишат дали ќе бидат егзекутори и гробари на правото и правдата или нивни бранители. Ако воопшто тие решаваат. И затоа денес и ние и судиите сме во црно. Ние во знак на протест, тие во име на правдата. И затоа симболично се одржива привид на погреб. Не на културата, туку на правната сигурност“, рече Вера Атанасовска – претседателка на СКРМ

Од СКРМ го прашаа претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски , дали знае дека кога ќе се врати како професор во високото образование, ќе ги ужива правата од нивниот Колективен договор, кој што е препишан од Колективниот договор за култура. Најавија порадикални чекори, но не кажаа детали.

Колективниот договор за култура и членот од Законот за култура се најдоа пред Уставен по повеќе од една година неможност Синдикатот да се договори со Министерството за култура и туризам околу пресметките на платите. Добиената пресметка од поранешниот министер Љутков, СКРМ ја смета за незаконска.