Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зголемен бројот на заболени од грип

/

Македонија

Сподели преку :

Бројот на заболени од грип и заболувања слични на грип во Македонија е зголемен за 22,1 отсто. Во периодот од 16 до 22 ноември, регистрирани се 188 случаи, наспроти 154 во претходната недела, информираат од Институтот за јавно здравје.

Најголем број заболени во текот на неделата се евидентирани во Скопје – 40 и Куманово – 32 случаи.Од почетокот на сезоната, вкупниот број на заболени достигна 797, што е за 20,4 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата сезона. И покрај растот, активноста на грипот на национално ниво и натаму се оценува како ниска, со регионална распространетост на вирусот. Од ИЈЗ информираат дека во лабораториските анализи се потврдени 17 позитивни примероци на грип, додека регистрирани се и шест позитивни резултати на Ковид-19.

Досега се вакцинирани 33.594 лица од ризичните категории со бесплатна вакцина против сезонски грип, а закажувањето се врши преку платформата vakcinacija.mk…

Jumbo 2