Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Видео | Регионалните лидери во Охрид на самитот Брдо – Бриони

/

Балкан

Сподели преку :

Охрид денеска е дипломатскиот центар на Западен Балкан – лидерите од регионот се собираат на 15. самит на Процесот Брдо-Бриони со една клучна цел: побрз пат кон Европската Унија.

Во фокусот се реформите, регионалната соработка и добрососедските односи, но и прашањата што директно ја засегаат иднината на граѓаните – поврзаноста, екологијата и можностите за младите.

Домаќин е претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а самитот заеднички го предводат претседателите на Хрватска и Словенија, Зоран Милановиќ и Наташа Пирц Мусар.

За разговорите во Охрид известува новинарката на Телма, Емилија Мисирлиевски.