Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вработени во ЈСП фатени при кражба на нафта во гаражи во Ѓорче Петров

/

Македонија

Сподели преку :

Вработени во Јавното сообраќајно претпријатие биле затекнати при кражба на поголемо количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров.

Случајот го потврди градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој информираше дека кражбата ја открила внатрешната контрола на ЈСП, по што веднаш била повикана полицијата.

Ѓорѓиевски најави дека инволвираните вработени ќе бидат отстранети од работа и очекува Обвинителството да отвори постапка за случајот.

Тој порача дека секој за кого ќе се утврди одговорност ќе мора да одговара пред законот.

Градоначалникот нагласи дека нафтата е купена со пари на граѓаните и е наменета за функционирање на автобускиот превоз, додавајќи дека нема да има толеранција за злоупотреби и кражби во јавните претпријатија.

Jumbo 2