Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с.7. e.53 денеска во 16:15 (27 ноември ’26)

/

Црвена линија

Сподели преку :

Диплома во рака, но погледот свртен кон странство. Речиси секој трет млад човек веќе има план за заминување. Кој ќе остане да ја гради оваа држава? Може ли Македонија да ги задржи младите ако не може да им понуди иднина? Кога картата во еден правец станува приоритет проблемот одамна ја преминал црвената линија. Најновите истражувања покажуваат алармантна слика – речиси 60 проценти од младите во регионот размислуваат за живот и работа во странство, а секој трет веќе ги пакува куферите со конкретен план. Во меѓувреме, статистиката кај нас брои празни училници и сè помалку новородени. Ниските плати, партизацијата, неквалитетното образование и чувството дека овде се преживува наместо да се живее, се само дел од причините поради кои младите не гледаат перспектива. Дали државата има вистинска стратегија да ги задржи своите најдобри кадри или со години само немо го набљудуваме тивкото празнење на Македонија? Што е клучно за да останат тука – повисоки плати, крај на партиските вработувања или функционален систем?
АНКЕТА: Дали сопствениот стан е доволен мотив младите да останат? Да/Не