Поранешната државна инспекторка за животна среднина Ана Петровска ќе му биде противкандидат на Шилегов.Очекува поддршка од граѓаните на Скопје а канидатурата ја поднесе преку иницијативата ,, Зелен хуман град,,.Ќе се залага за чист воздух, расчистување на дивите депонии, енергетска ефикасност во училиштата, болниците, вклучување на младите и лицата со хендикеп во носењето одлуки.
Шилегов го прифати предизвикот . Имал добра соработка со Петровска за која трди дека немала ниту еден приговор за работењето на градот.
Во меѓувреме се поголем е интересот за поднесување независни листи за градоначалници и за советници. Потписи се собираат во 9 подрачни одделенија. Во Кочани за само еден ден собрани се потписи за една независна советничка листа. Во Охрид, Свети Николе, Росоман, Центар, Гази Баба и Брвеница се собираат потписи за независен градоначаник,а за совенички листи во 7 општини. Во Карпош поднесени се 2 листи.
До крајот на месецов и политчките партии треба официјално да ги објавата имињата на кандидатите за градоначалници и советничките листи.
Јулијана Пешевска
