Министерот за здравство Венко Филипче најави дека на утрешната Владина седница ќе дискутира за да се воведат нови мерки за влез и излез од државава. Мерките ќе важат и за македонските државјани и за странци.
–Ќе се воведе дополнителна мерка. За влез и излез во државата без разлика дали се наши државјани или странци, ќе биде потребен доказ за вакцина, за прележан ковид или негативен ПЦР тест односно брз тест- изјави утрово министерот Филипче кој вели дека на ваков начин се става акцентот врз имунизацијата.
Владата планира наствата во училиштата да се одвива со физичко присуство поради високиот опфат на вакциниран кадар во образованието, а подготвени се и соодветни епидемиолошки протоколи.
-На предлог на Министерството за образование и наука, на денешниот состанок на Главниот координбативен кризен штаб (ГККШ), кој го водеше премиерот Заев беше оценето дека се создадени услови, почетокот на новата школска година да биде со физичко присуство на учениците, освен за одделни исклучоци, кои ќе бидат стриктно наведени во Одлука која ќе биде донесена на наредната Владина седница, соопштија од владата.
-Во прилог на заклучокот за почеток на училишната година со физичко присуство, според членовите на Штабот е големиот број на вакцинирани наставници и училиштен кадар (моментално 60 проценти се вакцинирани, а се очекува до септември зголемување до 80% вакцинирани од вкупниот број вработени во училиштата). Во оваа насока, се и протоколите, изработени од епидемилози, кои веќе се донесени за настава со физичко присуство, а се однесуваат на носење маски и редовно проветрување на просториите каде се одржува наставата, стои во соопштението на владиниот кризен штаб.
