Македонија ќе отстапи хотели и одморалишта за бегалците од војната во Авганастан, а оперативата и трошоците за време на нивниот престој до обезбедување крајна дестинација, целосно би ги покриле САД, информираше вечерва премиерот Заев. Владата ги информирала САД дека стоиме на располагање да помогнеме да се спасат животите на цивилно население од Авганистан.
-Ние сме солидарна земја, нашиот народ и нашето општество секогаш давале поддршка и помош, исто како што сме добивале помош при огромни катастрофи. Заеднички со САД ќе ги планираме идните чекори за натамошното постапување, посочува премиерот Заев.
Според последните информации од ОН во моментов во Авганастан има околу 250.000 луѓе кои поради разгорувањето на воените дејствија беа приморани да ги напуштата своите домови, но нивниот број постојано се зголемува.
Преку ден е многу жешко, а навечер се смрзнуваме. Нема доволно теписи, ќебиња и други работи. Имам само 20 парички в џеб и не знам што ќе права ако не обезбедат храна за нас, што да правам со 20 парички и како да се грижам за своите деца-Мохамед, расено лице.
Благодарност до Балканските земји, како С.Македонија, Косово и Албанија, но и Канада кои се согласија да им дадат засолниште на жените и децата на лидерите на цивилното општество упати поранешната државна секретарна на САД Медлин Олбрајт на „Твитер“.
Во Авганистан, во овој момент има и стотина македонски граѓани со кои е воспоставена комуникација. Владата тврди дека се чувствуваат безбедно, а компаниите за кои работат имаат обезбедено планови за евакуација. Сепак, нивните роднини за Телма изјавија дека се уште немаат информации за тоа кога нивните најблиски ќе се вратат дома на безбедно. Ивана Стојановска чиј сопруг работи на аеродромот во Кабул вели дека ситуацијата е многу неизвесна.
Минитерот Бујар Османи, денеска побарал помош од турскиот колега Чавишоглу за помош при извлекувањето на нашинците од Авганистан. Како што објави на Фејсбук од него добил уверување дека нивното присуство во Кабул е стабилно, дека располагаат со доволно логистички капацитет за трансфер на нивните граѓани, и дека ќе имаат предвид, доколку се појави потреба, да помогнат и при извлекување и на наши граѓани. Во моментов владее паника на улиците на Кабул и на меѓународниот аеродром, кој е последната рута за излез од земјата, бидејќи талибанците сега го контролираат секој граничен премин.
Билјана Ставрова
