Изборниот законик нема да се менува.Премиерот Заев ја расчисти неколку месечната дилема дали има простор или не да се менува изборниот праг за собирање потписи.Од утре започнува постапката за собирање потписи за независни листи на локалните избори.Се повеќе граѓански иницијативи влегуваат во трката за советнички листи.,, Шанса за Центар,, ја најави својата советничка листа за општината.
Локалните избори ќе се споведат според постоечкиот Изборен Законик. Промени во изборниот праг нема да има затоа што времето не дозволува нови блокади со амандмани од страна на помалите политички партии.Ова во телефонски разговор му го соопштил на Премиерот Заев, собранискиот спикер Талат Џафери.
Од утре започнува постапката за собирање потписи за независни советнички листи.Потписите ќе се даваат пред службените лица на ДИК и надлежен нотар кој е определен од подносителот на листата најдоцна до 30 август. Во трката за советнички листи во општината Центр влегува и Граѓанската иницијатива ,,Шанса за Центар,, преводена од поранешната претседателка на советот Јана Белчева Андреевска. Листата е составена од истакнати експерти и активисти од областа на животната средина, архитектурата, спортот, културата.Најважна заложба ќе им бидат чистиот воздух и достоинствено урбано живеење.
Претходно независна советничка листа за град Скопје најави и граѓанската иницијатива ,, Зелен хуман град,, предводена од поранешниот член на Левица, Драгана Велковска.
Доколку како подносител на кандидат за градоначалник се јавува група избирачи, за општина со 10 .000 жители потребно е да се соберат 100 потписи додека за над 100 000.
Јулијана Пешевска
