Македонија Најважни

Новите протоколи по се изгледа предвреме ќе стават крај на сезоната во Охрид

Новите протоколи за заштита од КОВИД-19 по се изгледа предвреме ќе стават крај на сезоната во нашиот најголем туристички центар. Организаторите на некои од забавите  што се органзираа деновиве  во Охрид ги повикуваа гостите на  последна летна ноќна журка, па градот викендот беше преполн со млади кои дојдоа да го искористат  викендот  по стари протоколи.  Угостителите негодуваат дека се затекнати од мерките, оставено им е кусо време за прилагодување и бараат доплнителни појаснувања. Велат ќе имаат непријатна улога  да ги селектираат гостите кои се вакцинирани или невакцинирани, а  кои го прележале  вирусот во изминатите 45 дена.

-Сега ние треба нашите гости да ги делиме, да правиме извесна селекција на гостите. Тоа ни е нов момент, а нашите реакции се најмногу во таа насока. Ние како угостители треба да се ставиме во улога на сепартор па да видиме кој гостин е вакциниран, кој гостин не е  и тоа  еден новитет со кој што не знамее како ќе се справиме, а и мислењата во јавноста се различни, вели Михаил Мишев, претседател на  здружението на угостители од Охрид. 

Дел од граѓаните не се согласуваат со овие мерки, па дури и оние кои се вакцинирани сметаат дека се дискириминаторски, но и дека тоа ќе биде лошо за угостителскиот сектор.

-Тоа е дискриминаторски, едни вакцинирани едни не,  еве јас лично сум вакцинирана, но сега треба да седнам некаде да вадам сертификат и да покажувам. Не ми се бендисува мерката, вели една граѓанка

-За туристите посебно не е убаво, а нормално и за луѓето кои работата во локалите, вели друга граѓанка 

Други пак ги поддржуваат мерките и спасот го гледаат во вакцинацијата.

-Цел свет се вакцинира, а  ние немаме доверба, ние сме заостанати, медицински неедуцирани луѓе, вели охриѓанец

-Може да се спречи зарзата ако свесно размислуваат, може, но ако не сакаат да се вакцинираат тешко да се спречи заразата, вели друга граѓанка.  

Мерките не ги опфааќаат хотелските гости,  но, сепак некои од арнажманите во турисчките центри се откажуваат. Хотелиерите во другите градови пак,  велат    засега нема масовно откажување на органаизираните семејни прослави  и свадби, но,  се чека како сето тоа ќе се спроведе.

-Самите гости се анализираат колку од нивните гости се вакцинирани, колку се прележани и самите ќе носата одлука. Немаме конктретно откажување, туку има да видиме, како ќе биде, да се преброиме, да се преиспитаме. Вистинската сосотјба ќе ја знаеме после првата недела од примената на овие мерки, вели Никола Трпковски, сопственик на хотел ресторан „Капри“ – Битола. 

И угостителите и хотелиерите велат дека загубите допрва ќе се бројат, но тврдат дека новите мерките кои ќе стапат на сила утре,  ќе ги спроведуваат.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз

Tea Dimkovska

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра – тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе