Македонија Најважни

Дигитална свеќа за починатите потписници – 20 години од Рамковниот договор

Дигитална свеќа за починатите потписници на Рамковниот, но не и за загинатите во конфликтот. Кратко потсетување на борбите и многу, многу говори за придобивките. Вака течеше финалната манифестација на одбележувањето на 20 годишнината од Охридскиот рамковен договор. Единствените живи потписници, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски и Франсоа Леотар, не дојдоа на прославата.Георгиевски е на одмор, Црвенковски не се огласи, а Леотар е среде судски процес во Франција.На видео бим беа пуштени нивни стари изјави, веднаш над бината на која седеше целиот државен врв.

Претседателот Пендаровски, кому дел од јавноста се` уште му забележува затоа што  не се обрати на 2 Август на Мечкин камен, овде одржа говор.

-Тоа беше најдобриот можен одговор на тогашниот естаблишмент во тој контекст, рече Пендаровски. Премиерот, кој тогаш не беше дел од политичкиот живот, зборуваше за придобивките од договорот, по што доби пофалби од вицепремиерот Груби и од Ахмети, дека ако бил тој на власт во 2001, ништо од тоа што се случи, немало да се случи.

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, рече дека договорот не е совршен, се` уште ќе има луѓе кои ќе сметаат дека добиле премалку или премногу.  Но, и двете овие гледишта, смета тој,  се на погрешната страна од историјата.Апелираше до Бугарија да ја крене блокадата на евроинтегративниот пат на земјава.

– Денешната ЕУ е составена од земји кои со години и векови биле непријателски настроени. Но, триумф на нашето доба е што овие непријатели денес седат заедно во оваа неверојатна унија на слободни и интегрирани земји. Македонија заслужува да биде таму и се надевам дека Бугарија ќе ги слушне едногласните барања од нивните пријатели и ќе ја крене блокадата за Македонија, рече тој.

Оптимистичка порака преку видео бим испрати поранешниот висок претставник на ЕУ, Хавиер Солана, кој учествуваше во преговорите кои му претходеа на договорот.

– Имавте многу тешкотии на вашето патување. Имавте потешкотии во врска со вашето име, кое беше решено. Имавте проблеми со вашиот јазик, кое што исто така е разрешено и по договорот со НАТО сигурен сум дека многу скоро ќе имате можност да започнете формални разговори со Европската унија, рече Солана.

Ахмети, кој тогаш беше командант на ОНА, рече дека тогаш на маса била и поделба на Македонија, која не се случила само благодарение на НАТО, Вашингтон и Брисел.  Пораки дека Рамковниот договор не е совршен договор, но нуди исполнување на желби во иднина и преминување кон минатите несогласувања, стигнаа и од амбасадорите на ЕУ и САД, Дејвид Гир и Кејт Мари Брнз, како и од портпаролот на Стејт Департментот, Едвард Прајс.

Завршната манифестација траеше повеќе од седум часа, во иста просторија, и покрај силните критики во јавноста поради здравствената криза.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе