Македонија Најважни

За четири дена регистрирани се над 100 новозаболени во Кичево

Десетмесечното бебе од Кичево зарзено со КОВИД 19 се лекува во домашни услови, а заболено е целото семејство, но ниту еден член засега  не е хоспитализиран. Тие припаѓаат на еден од фамилијарните кичевски кластери, а в Кичево во последните неколку дена сосотојбата со вирусот драстично се влошува,

-Дете е пуштено на испитување преку матичен лекар, позитвино е , цела фамилија се позитивни, тие се на домашно лекување. Не знам зошто бил правен брз тест на десетмесечно дете, вели Станко Трпески, дирекор на Општа болница Кичево.

Кичево по Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар е град со најмногу заболени. Трпески вели дека најголме дел  се кластери формирани од свадби и семејни веселби. Младите се најмногубројна, но повозрасните се со тешка клинилка слика. Расте притисокот и врз болницата.  

-Секојдневно се прават о 30 -40 тестови, имаме по 50 прегледи и рентгeн лаборатории, значи наплив имаме од позитивни пациенти од викендот наваму, зголемен е бројот. Имаме 25 хоспиталзирани, на дневна болница уште неколку, има и на домашно лекување, така што  ситуацијата, се влошува, вели Трпески.

Се погоелм е и бројот на забоелни печалбари, покажуваат официјланите тестирања што ги правата за вараќање во Западноевропските земји. Директорот на болницата во Кичево вели дека има непријатни ситуации, затоа што дел од нив, не ги прифаќаат овие резултати и тврдат дека брзите тестови набавени од аптека, им покажеле дека се негативни на вирусот.

-Испаднал тој тест негативен, а стручно земените тестови кај нас се позитивни, па имавме поголеми проблеми додека се докажаме. А клинилката слика, со  рентген и лабораториските испитувања, заедно со тестовите, укажуваат на КОВИД-19, вели Трпески.

Само во последните четири дена во Кичево се регистрирани над 100 новозаболени, а вкупно во моментот болеста е во тек кај 160 кичевчани.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе