Фокус кон дистрибуцијата на документарни филмови, во време на пандемија ќе има 12 издание на фестивалот на документарни филмови „ Македонкс“, кој ќе се одржи од 19 до 26 август, во присуство на 30 гости од странство. Во 5 натпреварувачки и во програмите „Земја во фокусот“ и детската , ќе бидат прикажани седумдесетина филмови. Фестивалот ќе го отворат германскиот филм „ Луѓе од гаражи“ и канадскиот „ Џукели“. А, на четирите локации каде ќе се одржува „ Македокс“, согласно здравствените протоколи, ќе присуствуваат најмногу 150 гледачи, на кои ќе им се бараат потврди за вакцинација.
- Фокусот оваа година на фестивалот ќе биде насочен кон дистрибуцијата на документарните филмови, со посебен акцент на промоцијата на филмовите низ Европа. Со самото тоа , мотото на фестивалот гласи „ каде одиме“, односно „ што сега“. Некако во овие две години сите имаме желба да патуваме или да се поместиме од место, а всушност сме вкоренети на едно исто место – Дарко Набаков- Извршен директор на „ Македокс“.
- Ќе го прикажеме и македонскиот краток филм на Тања Балаќ, снимател е Кирил Шентевски , кој се вика „ Цвеќиња на водата“, филм кој зборува за поплавите кои се случија пред неколку години во селото Стајковци. И „ Сава“, на режисерот Метју Самерфил, кој што е копродукција меѓу Велика Британија и Македонија, а монтажер е нашиот Горјан Атанасов – Петрула Велјановска- програмски тим на „ Македокс“.